Какво време нѐ очекува за празниците: Дали може да ни ги расипе плановите?

Добивај вести на Viber

Какво време не очекува за претстојниот празник: Ќе се стабилизира ли конечно?

Претстојниот голем христијански празник Велигден и 1 мај, Денот на трудот се спојуваат годинава и ќе ги празнуваме овој викенд. Повеќето граѓани ги очекува продолжен викенд. А, дали ќе не послужи времето за празниците, дознаваме во продолжение.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во петок, 30 април, не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотрајна нестабилност, со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималните температури во петок ќе го достигнат 32 степен, а миниланите 13.

Во сабота, 1 мај, Денот на трудот, според синоптичарите ќе продолжи убавото сончево време и умерениот ветер. Минималните температури во сабота ќе се движат од 8 до 14 степени целзиусови, додека максималните ќе се движат од 23 до 32 степени.

Во недела, на првиот ден од Велигден според УХМР не очекува исто така сончево време со повисоки дневни температури.