Калиопи одржа спектакуларен концерт во преполната Арена, пееше за едно срце што чука и откри во која песна да ја бараме кога ќе ја нема
Незаборавна ноќ која уште еднаш потврди дека Калиопи со својот глас и автентичната изведба не е само дива, туку и апсолутна кралица на македонската, но и балканската поп - сцена.
Редици обожаватели на нејзината песна пред влезот на Арената „ Борис Трајковски“ . Глетка која ти го полни срцето уште пред почетокот на концертот, зашто таа е наша, а ние докажавме дека многу ни недостасува. Поминаа седум години од нејзиниот последен концерт во Скопје.
Публиката со аплаузи и овации го поздрави нејзиното појавување на сцената. Концертот почна со темата „Обои ме“ , од истоимениот албум со кој Калиопи го почна новото поглавје во животот и кариеарта – без Ромео како сопруг, но со него како соработник со кој создадоа безвременски хитови во изминативе 40 години.
Уште при изведбата на првата нумера ја совладаа емоциите, чисти и искрени. Нејзиното најсилно оружје, кои во еден миг екслодираа како вулкан и ја предизвикаа да ја открие тајната за „ Волчица“.
-Оваа песна најмногу зборува за мене. Еден ден кога ќе ме нема, барајте ме во неа- рече пејачката, која истовремено и потврди дека со таа енергија и вонсериски вокал ќе ја има уште долго време на сцената.
Концертот не може да се опише само со редење на песните што ги отпеа. Секоја незјина изведба беше посебна. За тоа придонесе и одличниот бенд, двата моќни придружнини вокали и гудачки оркестар, Одлична сценографија со видео бим на кој се емитуваа анимирани видеа – секое од нив ја отсликуваше емоцијата на композицијата што ја изведуваше. Одлично осмислен концепт на концерт кој траеше околу три часа.
Со првиот гостин Слаткаристика ја отпеаа дует темата „Казна“. А со Жељко Самарџиќ „ Знам’.
Делириумот настана кога одекнаа звуците на темата „Македонија“ на Дадо Топиќ.. Калиопи ја изведе маестрално, благодарение и на аранжманските решенија и музичките делници на нејзиниот бенд, прилагодени за ваков настан. Во чест на Јонче Христовски и Виоолета Томовска ја отпеа „Македонско девојче“.
Колку нејзините песни се безвременски и вредни и колку се вткаени во нашите животи беше видливо кога следуваа „Не плачи“ , „Дај да пијам“ , „За само еден ден“. Пред да ја изведе“ Месечина“ и се обрати на публиката.
-Македонија ми покажа колку сум и недостасувала. А веројатно сфативте колку ми недостасувавте и вие мене. Оваа ноќ нема да ја заборавам. А сега пејте ја песнава со мене , зашто ја праќам до едно срце што чука некаде далеку- откри дивата и предизвика емоции во раскош, испреплетени со радост , но и тага.
На првиот бис ја отпеа евровизиската „ Црно и бело. Вторпат излезе на сцената држејќи го за рака Роме Грил кој ја следеше на гитара при изведбата на култната „ Бато“. Уштееднаш дојдоа до израз вокалното совршенство кое на балканската сцена ретко е присутно во комбинација со сценска харизма.
Синоќа во Скопје имаше неколку концерти со странски звезди. Но, нејзиниот концерт беше најпосетен. Победи македонштината. Но, таа победа може да ја оствари само пејачка која 40 години не се откажа од соништата. Ги оствари со упорна работа и принципи, од која произлегоаа безвременски хитови.
Поддршка од публиката имаше и од поранешниот сопруг, актерот Васил Зафирчев.
Концертот го организираше „ Прагма продукција“ која на преставниците на седмата сила им обезбеди навремени информации и места во салатa од каде што можеа да го проследата настанот на најсоодветен начин.
С.А.Н
Фото: Вангел Тануровски
ГАЛЕРИЈА: