Капа доле за Неда Украден: Наполни 73 години, а во костим за капење изгледа поубаво од многу помлади девојки

Добивај вести на Viber

Неда Украден го прослави својот 73 роденден, а српската позната пејачка изгледа неверојатно! Таа може да застане рамо до рамо до холивудските диви, и не само што се‘ уште може да се пофали со одлична фигура, таа има и неверојатна енергија и ведар дух и неуморно настапува.

Неда периодов го поминува во заливот Богота, каде има и куќа, уживајќи во сончевите денови. Таа се пофали со фотографија во костим за капење, со која ни докажа дека нема ни грам вишок, иако ја гази осмата деценија и дека нејзината фигура е навистина фантастична.

Пејачката позираше на плажа во идеална приморска комбинација - едноделен костим во светло розова боја, долга бела кошула, апостолки и шик, модерна шапка.


Овие бели кошули, лесни, малку пошироки и изработени од природни материјали, се вистински хит ова лето и се совршен избор за одење на плажа. Одат со се‘, удобни се за носење и секому изгледаат убаво.

Мошне интересен е и костимот за капење на Неда - прекрасно ги нагласува градите и визуелно ја намалува половината, а детаљот од пеплум може визуелно да маскира мал вишок и да го сокрие стомакот.

Можеме само да кажеме - капа доле Недо!


Фото: Инстаграм

Дивата Неда Украден: Измислија дека сум сираче од Ресен