Караванот „Не е до нив, до тебе е“ започна вчера во Струмица, денеска продолжува во Штип

Добивај вести на Viber

„Не е до нив, до тебе е“ е моќна кампања во која никој ништо не ветува, а сепак секој делува за поголема одговорност пред својата граѓанска должност. Благодарение на оваа кампања, секој од нас ќе се запраша каков е нашиот став кога станува збор за гласање и зошто толку малку внимание посветуваме на правото на глас.

Дел од познатите личности од македонската јавна сцена, со задоволство прифатија да бидат дел од кампањата “Не е до нив, до тебе е” и заедно со граѓаните ќе се обидат да ги променат навиките и да ја издигнат свеста во Македонија за вредноста на правото на глас на повисоко ниво.

Вистинскиот одговор на прашањето “Што ќе смени еден глас?”, ќе патува низ повеќе градови во Македонија. Караванот „Не е до нив, до тебе е“ започна денеска, во Градскиот парк во Струмица.

Актерот Бојан Кирковски вечерва го имаше првиот стенд ап настап, со кој предизвика овации и гласни аплаузи кај многубројната струмичка публика.

Денеска во Градскиот парк во Струмица, имаше неверојатна атмосфера благодарение на диџеј Мац и позитивна енергија во огромни количини, предизвикана од стенд ап настапот на Бојан Кирковски.

Освен тоа што струмичани вечерва се забавуваа и се насмеаа до солзи, ја примија и пораката – “Не е до нив, до тебе е” и дознаа дека тие се најважни во креирањето на нивната иднина и дека најдоброто нешто што можат да го направат за нивниот град и за државата, е да гласаат.

Мисијата е успешна, во Струмица секој знае дека не е до нив, до сите нас е, а караванот продолжува и низ другите градови во Македонија, за да разбереш и ти дека “Не е до нив, до тебе е!”.

Утре Бојан Кирковски и диџеј Мац патуваат во Штип - Плоштад Слобода. Следните дестинации на караванот се: Карпош - Антички театар (11.04), Аеродром - Парк Авионче (14.04), Велес - Градски парк (15.04), Ѓорче Петров – Парк (17.04), Куманово - Градски плоштад (18.04), Кочани - Градски плоштад (19.04), Центар – Школка, Градски парк (21.04), Битола - Широк сокак (22.04), Прилеп - Градски плоштад (24.04) и Охрид - Плоштад ‚‚Св. Климент Охридски‘‘ (27.04).

Зачувајте ги датумите, одвојте време за одлична забава со диџеј Мац и урнебесна комедија со Бојан Кирковски и ќе дознаете зошто не е до нив, туку е до вас, до нас. 

пр објава