Животна училница // Приказни
Карлеуша ја покажа својата вила од 2,5 милиони евра: Каков луксуз
- 12 Јули, 2020
Оваа раскошна вила претходно му припаѓаше на Драган Стојковиќ Пикси, кој се врати во Србија по понудата да стане селектор на српската фудбалска репрезентација.
Куќата се наоѓа во елегантниот дел на елитната населба Дедиње, во Белград, пространа е и е лоцирана меѓу огромните крошна на дрвјата.
На српската музичка дива Јелена Карлеуша особено и се допаѓа фактот дека куќата е пространа, има приватност и голем двор за деца. Вилата има дури четири купатила, осум соби, сауна, вежбална, базен пред куќата. Ја купи за ена од 2, 5 милиони евра.
Таа сподели видео на Фејсбук и покажа мал дел, ама доволно за да видиме колку е луксузно.