Карлеуша во Скопје го развиори македонското знаме: Ја крена публиката на нозе со „Македонијо, ти си бисер балкански“
Вчера во Скопје се одржаа многу концерти и настани, па како што немаме скоро никакви случувања, ова беше сепак некакво освежување. Ама во ист ден, во ист час Калиопи, Јелена Карлеуша, Саша Ковачевиќ, виртуозот на пијано Лука Шестак... Премногу звучни имиња, во така мал град во споредба со европските метрополи.
Женски магазин беше на сите концерти, а ви ја пренесуваме атмосферата во салата Јане Сандански, каде се одржа концерот на српската дива Јелена Карлеуша, во организација на Ивент Груп. Всушност, од нашиот главен град започнува и нејзината турнеја насловена како „Алфа и Омега“ (двата нејзини најнови албуми) по другите балкански градови.
Предгрупа на концерот беа дуото ДНК кои направија свое шоу, а потоа се појави и Карлеуша. Почетокот беше спектакуларен, таа облечена во светкав проѕирен комбинизон, видно ослабена, качена на огромна сценска платформа заедно со група на танчери.
Светлечките ефекти си го направија своето, а Карли неколку пати се пресоблече, пееше и играше во еден здив, ги испеа своите најголеми хитови, како и оние од новите албуми и постојано го спомнуваше името Македонија.
Некаде пред крајот, се појави со македонското знаме и го испеа големиот хит од Гоце Николовски - „Македонијо, ти си бисер балкански“ по што доби огромни овации.
*Оваа фотографија е од ИнстаграмНебојша Толески
Фото: Вангел Тануровски
Еве дел од атмосферата: