Каролина Гочева предупредува за злоупотреба на нејзиниот лик: Лажна реклама кружи на социјалните мрежи

Поп дивата Каролина Гочева упатува предупредување за злоупотреба на нејзиниот лик со лажни реклами кои кружат на социјалните мрежи.

Имено, таа на Инстаграм напиша дека повеќепати се обидела да ја пријави, но истата реклама повторно се појавува од различни профили.

Таа ги замоли следбениците да кликнат репорт на рекламата и да ја пријават доколку истата им се појави.




Фото: Инстаграм