Катарина и Перо Антиќ заедно на концерт кај Тамара во Охрид
Катарина
Ивановска, нашиот топ модел со светска кариера ѝ е голема поддршка на поп-ѕвездата
Тамара Тодевска, како и Тамара на Катарина.
Двете се другарки долги години. Катарина е дел од сите позначајни настапи на Тамара, а така беше и сношти, на коцертот на Тамара во Охрид, во Античкиот театар.
Катарина на концертот дојде со кошаркарот и претседателот на КФМ, Перо Антиќ. Изминативе месеци, домашните медиуми објавуваа дека Катарина и Антиќ се во врска, но и двајцата не ги коментираа написите, освен што Катарина даде куса изјава за „Бекстејџ“ дека се среќни заедно.
Антиќ е близок пријател со Тамара, и со нејзиниот сопруг Александар Димитровски – Мачка. Тој на концертот го прослави својот роденден, а Тамара му го честиташе и го поздрави од сцената.
(М.Џ.)