„Кажи ми со танц“ во сабота и недела ќе го исполни Капитол со ритам, движења, музика и поезија

Добивај вести на Viber

Во секој наш разговор постои одреден „шум“. Тоа е мало недоразбирање зависно од карактерот на индивидуата и од начинот на изразување. Зборовите и речениците не можат секогаш да го искажат вистинското значење и затоа Капитол мол организира танцов хепенинг наречен „Кажи ми со танц“. Преку овие денови на танц Капитол мол сака да покаже една нова платформа и нов темел за меѓусебно разбирање 

Стотици минувачи беа сведоци на една голема ,,танцова битка” (dance battle) пред некој ден. Десетици млади хип-хоп и р'н'б танчари започнаа една караница за да видат кој е подобар, кој владее со музиката. На едната страна беа студиото Брејк а лег, а на другата Аква денс клуб. Тие си ги одмерија силите во ритамот кој ги очекува сите што ќе го посетат Капитол мол на 6-ти и 7-ми октомври (сабота и недела). Во овие денови на танц посетителите на Капитол мол ќе може да се запознаат со балетско студио Сонце, балетско студио Диадема, Аква денс клуб и студио Брејк а лег. Во текот на овие два дена тие ќе им ги претстават своите програми и можности, со цел заинтересираните да се впуштат во откривање на нов начин на разговор, преку движења и музика. Капитол мол ќе бие во ритамот на класичен и модерен балет, хип-хоп и р'н'б.

За тоа како ќе ја почуствуваат оваа музика и танц, поетите и авторите Ксенија Николова, Наим Иљази, Јован Илиески и Вера Калин ќе ја преточат инспирацијата во зборови и стихови и ќе им ја доделуваат на посетителите. Воедно, тие ќе ги потпишуваат и своите книги и поеми.

Капитол мол цели кон тоа караницата да се претвори во танц, недоразбирањето во причина за разговор и неискреноста во искажување на вистината. Затоа со комплетна грижа се фокусира на своите посетители и ги негува нивните најважни вредности.