Кејт Бланшет за „бјути“ рутината: Се откажав од чевли, но не и од омилениот парфем

Добивај вести на Viber

Оскаровката Кејт Бланшет учествуваше во промоција на новиот парфем преку видео апликација и откри колку нејзиниот живот се променил во пандемиската година: се одвикнала од чевли, но не и од нанесувањето на парфем - понекогаш и неколку различни истовремено.

Иако во својата долга кариера има освоено многу награди, австралиската актерка Кејт Бланшет (51) не ги криеше своите големи очекувања пред годинашните награди „Златен глобус“, за кои беше номинирана за улога во серијата “Mrs. America”.. Таа не ја освои наградата, но Кејт со воодушевување зборуваше за темата за зајакнување на жените, на која се посветени оваа ТВ серија и контроверзниот лик Филис Шлафли, на онлајн конференција по повод презентацијата на новата верзија на Armani's Sì Intense парфемот.

- Што значи да се биде силна жена? Поимот моќ и сила отсекогаш бил поврзан со пари и влијание, но за мене има поинакво значење: најмоќните луѓе што некогаш сум ги сретнала ги красат квалитети како искреност, дарежливост и мудрост. И со текот на годините, станав и мудра и не се обидувам да докажам ништо на никого, освен на себе - рече Кејт Бланшет кога преку видео апликација се јави од својот дом во Сиднеј. Како долгогодишна амбасадорка на брендот за мода и убавина Армани и заштитно лице на парфемот Sì, од нејзиниот прв ден (2013 година) се сети на денот кога за прв пат му рече „sì“ (да) на господинот Армани.



- Тоа беше пред да се сретнеме лично. Имено, од првиот голем хонорар си купив костум на Армани, кој и денес го чувам, а понекогаш го носам. Но, првиот состанок „во живо“ беше пред петнаесет години, кога неговите соработници ме поканија да настапам како модел на ревијата Giorgio Armani Privé: Се сеќавам на моментот кога останавме сами во просторијата каде што тој лично го прилагоди фустанот на моето тело. Додека го фиксираше работ, тој беше пред мене на колена, толку скромен и толку сигурен во себе, откри актерката, додавајќи дека апсолутно се наоѓа во естетиката на Армани и во неговиот поим за женственост, што вклучува некои елементи на машката мода . Исто е и со изборот на парфеми, кои се најважната споредна работа на светот. За мене, парфемот е многу личен израз на внатрешната состојба, рече таа, и како што овие состојби се менуваат во текот на денот, јас тоа го покажувам по мирисот. Јас секогаш носам неколку различни, но комплементарни мириси: наутро користам освежителен, попладне малку поинтензивен, а вечерта повторно се појавува нешто поразлично. Изминатата година навистина не излегував многу, претежно сум дома и не се шминкам, но ставам парфем секој ден. Или повеќе од нив.

Како и сите, животот на Кејт Бланшет многу се смени во пандемиската година. И таа, вели , го искористила тој период да ја смири топката и станала поинтроспективна, а во тоа потопување во себе и своите мисли се занимавала со поимот убавина, што е исто толку важно во нејзината работа. За мене убавината секогаш била во деталите, во животната сила и енергија, а не во совршениот изглед. На пример, една од најубавите личности во светот за мене е Дејвид Боуви, а една од најубавите појави е гласот на Нина Симон. Што се однесува до моето вложување во сопствениот изглед, признавам дека тука сум прилично невнимателна. За дневна рутина на грижа, ми треба само многу сон, лажица јаболков оцет наутро на празен стомак, „црн крем“ на Армани, бидејќи совршено ја хидрира кожата и малку лосион со заштитен фактор. И повремено користам козметика богата со витамин Ц и цинк. Тоа е целата мудрост - изјави Кејт Бланшет, која откри уште еден многу интимен детаљ. Бидејќи поминуваше многу време дома заради коронавирусот, со сопругот Ендру Аптон и нивните четири деца, таа целосно се опушти и престана да носи свечени чевли. Иако, како и сите ние, едвај чека да се врати во нормален живот, убедена е дека ќе и биде најтешко да скокне повторно во чевлите. 


Извор: глориа.хр

Фото: Инстаграм-официјален профил Кејт Бланшет

Може да ве интересира: 

Утрински ритуали на познатите: Алесандра Амбросио откри што појадува и како ја одржува линијата