Утрински ритуали на познатите: Алесандра Амбросио откри што појадува и како ја одржува линијата
Утринското
време, кое го имате пред да излезете да се соочите со светот, е најдрагоценото
кое го имате во текот на цел ден. Денот ќе ви изгледа онака како што ќе го
започнете. Потребно е да се воведе некој вид на рутина и работи кои треба да ги
извршите пред да одите на работа/школо/факултет. Продуктивноста која ќе ја
пружите тој ден ќе зависи од вашата утринска рутина. Иако можеби тоа ви изгледа
како работа на која не треба да давате премногу акцент или знаење, верувајте ни
на зборот кога ви велиме дека без основната утринска рутина, никогаш нема да
извлечете 100% од својата продуктивност, креативност и амбиции! Поради тоа,
така барајќи најоптимално решение за продуктивноста на сите вас, ви
претставуваме утрински ритуали на успешни жени ширум планетата - како би
успеале да ви пренесеме како тие го почнуваат денот и што ги тера да се „нурнат“
во тој креативен ден.
Денес,
ви го претставуваме утринскиот ритуал на Алесандра Амбросио
Бившиот ангел на Викторија Сикрет пред два дена сподели „жешки“ фотографии на која е фотографирана топлес. Фотките ги преплавија медиумите и беа споделувани од нејзини обожаватели и следбеници. Атрактивната Алесандра напиша: „Ако имавте можност да одберете да одите каде било на светот во моментов, дали би било „некаде“ или „кај некој“?“
Супер моделот денот го започнува обично во 7 часот, кога најчесто се буди без аларм, а потоа започнува да подготвува појадок за себе и за нејзините деца.
Појадокот обично е составен од варени јајца со кокосово масло, авокадо за свеж овошен сок или некоја друга нутритивно избалансирана храна. Алесандра не го заборава ни утринското кафе, а потоа веднаш оди на тренинг. Секој ден вежба јога, пилатес и Бар метод, и тоа е составен дел од нејзината утринска рутина што таа ја практикува и во деновиве кога треба да стане во 5 часот наутро.
Пред да излезе од дома, се подготвува само 30 минути. Користи само виткач за трепки и коректор за само малку „да го разбуди" лицето пред да излезе, бидејќи нема ништо поубаво од природно лице кое не се крие под тешките слоеви на шминка.