Утрински ритуали на познатите: Меган Маркл го открива пијалакот со кој го започнува секое утро

Добивај вести на Viber

Утринското време, кое го имате пред да излезете да се соочите со светот, е најдрагоценото кое го имате во текот на цел ден. Денот ќе ви изгледа онака како што ќе го започнете. Потребно е да се воведе некој вид на рутина и работи кои треба да ги извршите пред да одите на работа/школо/факултет. Продуктивноста која ќе ја пружите тој ден ќе зависи од вашата утринска рутина. Иако можеби тоа ви изгледа како работа на која не треба да давате премногу акцент или знаење, верувајте ни на зборот кога ви велиме дека без основната утринска рутина, никогаш нема да извлечете 100% од својата продуктивност, креативност и амбиции! Поради тоа, така барајќи најоптимално решение за продуктивноста на сите вас, ви претставуваме утрински ритуали на успешни жени ширум планетата - како би успеале да ви пренесеме како тие го почнуваат денот и што ги тера да се „нурнат“ во тој креативен ден. 

Денес, ви го претставуваме утринскиот ритуал на Меган Маркл

Меган Маркл е позната по својата витка фигура, па дури и успеа да ја врати линијата многу брзо по породувањето. Само една навика е одговорна за сето ова. Имено, таа секое утро го започнува на ист начин и тврди дека тоа е клучот за нејзиниот добар изглед.
Секое утро, наместо појадок, таа пие пијалак направен од соја млеко со вкус на ванила, малини, цреши, грст овесна каша и малку мед. Ставете ги сите состојки во блендер, измешајте добро и пијте го не подоцна од 30 минути по будењето.

Исто така Меган откри дека со години не јадела „брза“ или масна храна, а слатките ретко се присутни на нејзиното мени. "Ми се допаѓаат слатки, но најмногу ги избирам поздравите опции. Покрај тоа што се добри за линијата, тие се добри и за здравјето", изјави Маркл.

Покрај здравата исхрана, Меган користи и додатоци за одржување на имунитетот на завидно ниво.
„Земам магнезиум, витамин Б-12, мултивитамин и регулатор на кортизол пред спиење“, открива актерката.

Со помош на магнезиум, сопругата на принцот Хари ги смирува нервите и мускулите, а исто така има корисен ефект врз мигрените со кои се соочува Меган. Војвотката успева да го одржи здравјето на кожата и високо ниво на енергија со витамин Б12.


Фото: Profimedia

Утрински ритуали на познатите: Како Ана Винтур го почнува денот за да и биде успешен?