Кејт, идната кралица, ќе умре од глад пред сите нас: Социјалните мрежи ја „нападнаа“ војвотката

Војвотката од Кембриџ го посети музејот Викторија и Алберт во Лондон, чии врати беа отворени за сите посетители по долгиот „локдаун“ поради пандемијата на вирусот ковид-19. Кејт им соопшти на Британците дека сега е вистинското време да ја посетат оваа културна институција, со оглед на тоа што во овој период нема да има „туристи“, што ретко се случува.

Кејт Мидлтон уште еднаш беше беспрекорно стилизирана и во склад со пригодата, а прошета во нов фустан со потпис на омилениот луксузен бренд „Alessandra Rich“. 

Цената на оваа креација е дури 1.565 фунти, а убавата 39-годишна девојка реши да не штеди на чевли, па затоа се одлучи за „Џенифер Шаманди“, црни салонки направени од превртена кожа, за кои треба да се издвојат 550 фунти. 

Кејт комбинацијата ја заврши со едноставна, мала црна чанта, и дискретни златни обетки и ѓердан од кој не се одделува последните месеци.

Патем, овој ефективен фустан со средна должина со кариран дизајн, пуф ракави и црни копчиња е украсен со необичен пресек - ја следи линијата на телото до колковите, а потоа се шири во плисирана форма. Но, бидејќи сопругата на принцот Вилијам е екстремно витка и висока, таа лесно може да го носи секој крој, без да се плаши како тоа ќе и одговара. 

Но, од друга страна, голем број луѓе на британските портали и социјалните мрежи тврдат дека Кејт станува сè потенка и дека ги изгубила женските облини.

„Изгледа крајно нездраво“, „Каде и се олините и градите? Потенка е од кога и да е, веројатно поради стресот околу Хари и Меган“, „Идната кралица на Велика Британија ќе умре од глад пред сите и никој нема да може да и помогне“, „Загрижувачки е слаба “,„ Таа е толку слаба и овој фустан само го истакнува тоа “,„ Таа буквално нема форма на тело“, се само некои од илјадниците коментари.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Сте видели ли понежен и поубав: Кејт Мидлтон за десетгодишнината од бракот одбра совршен пролетен фустан