Сте видели ли понежен и поубав: Кејт Мидлтон за десетгодишнината од бракот одбра совршен пролетен фустан
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам вчера прославуваа десетгодишнина од бракот, а за тој повод на својот Инстаграм профил споделија две заеднички фотографии на кои изгледаат посреќни од било кога.
Фотографиите ги направил познатиот фотограф Крис Флојд, а двојката позираше во дворот на својата резиденција во Лондон. На фотките се насмеани, а уловен е и моментот како принцот заљубено ја гледа својата избраничка.
Кејт Мидлтон од почетокот на врската, а подоцна и бракот, внимателно е следена кога се во прашање нејзините модни комбинации и со текот на времето стана вистинска модна икона и симбол за елеганција.
Таков ефект предизвика и комбинацијата која ја облече за десетгодишнината од бракот.
Кејт заблеска во романтичен фустан во нежносина боја, со потпис на брендот „Ghost“, а ист ваков фустан веќе носеше за време на посетата на Пакистан.
Прекрасниот пролетен фустан има проѕирни ракави и горен дел на преклоп, а воедно е едноставен и опуштен, но воедно и елегантен.
фото: Profimedia