Кејт Мидлтон нема да биде видена до октомври- Еве зошто!

Добивај вести на Viber

Војвотката од Кембриџ ќе биде надвор од очите на јавноста до октомври, кога Меган Маркл ќе го впие целото кралско внимание.

И покрај тоа што Кејт излезе на балконот на Бакингемската палата за време на викендот за „Trooping the Color“, и беше присутна на прославите на роденденот на кралицата, се очекува во следниот период да се повлече од своите професионални ангажмани.

Војвотката мораше да го прескокне своето породилно отсуство за да присуствува на прославите за време на викендот и свадбата на принцот Хари и Меган.

Откако го стави на чекање, по пристигнувањето на принцот Луис на 23-ти април, таа сега треба да продолжи со традиционалниот период на отсуство.

И таа шестмесечна пауза би требало да ја тргне од очите на јавноста до октомври.

Кралскиот експерт Ричард Фицвилијас изјави за „Експрес“: „Кејт ќе продолжи со кралските должности по завршувањето на продолжено породилно отсуство, како што се очекуваше по раѓањето на Луис, веројатно во есен."

Биографот Данкан Ларком додаде: „Тоа е традиционално за новите кралски мајки да земат шестмесечна пауза од официјалните ангажмани.“

Венчавката не се брои затоа што тоа беше семејната работа, но освен тоа, таа ќе ги избира своите ангажмани.

„Ако сака, Кејт може да исчезне од очите на јавноста, до октомври!"

Фицвилјамс додаде: „Неговото крштевање, наводно ќе биде во текот на летото, што ќе биде следниот пат кога ќе биде виден во јавност.“