Кејт Мидлтон се врати на работа! Првото задолжение за принцезата од Велс по циклусот хемотерапии е значаен за неа-еве зошто

Добивај вести на Viber

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, се врати на деловните обврски по 9 месеци хемотерапија.

Кејт Мидлтон се врати на работа една недела откако објави дека завршила со циклусот на хемотерапија. Овој вторник, принцезата од Велс одржа состанок со членовите на Кралската фондација посветена на раното детство, во замокот Виндзор.

Според намерите на фондацијата, тие се стремат да создадат „свет за поддршка и негување“ со фокусирање на среќата и здравјето на децата во текот на нивните развојни години. Принцот Вилијам не беше присутен, бидејќи отиде на патување и на состанок со специјалните воени единици.

Враќањето на работа дојде само 7 дена по видеото во кое ова семејство откри дека зад нив стои страшен период.

На официјалните профили на принцот и принцезата од Велс на социјалните мрежи беше споделена компилација од снимки што ја следи емотивната исповед на идната британска кралица за нејзината борба за живот и здравје, а Кејт истакна дека „може со олеснување да каже дека нејзината хемотерапија е завршена“.

- Изминатите девет месеци беа неверојатно тешки за нас како семејство. Животот каков што знаете може да се промени за миг и моравме да најдеме начин да се движиме по бурните води и непознат пат – објасни Кејт Мидлтон.

Погледнете како изгледаа Кејт, Вилијам и децата:


FOTO: The Prince and Princess of Wales, Youtube Printscreen