Кенгур нега: Бенефити од контактот кожа на кожа за бебето и мајката

Чинот на раѓање е моментот кога едно тело станува две. Може да биде многу болно и трауматично за бебето кое од топла утроба на неговата мајка, се наоѓа под центарот на вниманието, силни звуци, непознати луѓе… Дали мора така?

Можеби сте слушнале за контактот кожа на кожа - исто така наречен „кенгур нега“. Контактот кожа на кожа има многу придобивки за бебето и мајката. Суштината е да се стави новороденото бебе на топлите гради на мајката (бебето не треба да биде завиткано во пелена, ќебе)… едноставно, кожа на кожа.

Таквиот контакт треба да се случи веднаш по раѓањето на бебето и да трае најмалку еден час. Протоколите што сега се претставени во болниците за породување не треба да имаат приоритет (мерење, капење и сл.), во однос на важноста на првата средба помеѓу мајката и новороденото бебе.

Контактот со кожа помеѓу мајка и новороденче првпат се користел во одделите за новороденчиња во Богота, Колумбија, каде имало недостиг на инкубатори за бебиња со тешки болнички инфекции. Неонатолозите Едгар Реј и Хектор Мартинез се насочиле кон природата - поточно кенгурите, кои го држат младенчето веднаш штом ќе се роди. Тие ги испраќале мајките дома со упатство да ги чуваат своите бебиња што е можно почесто само во пелени, со голи гради помеѓу градите, хранејќи ги само со мајчино млеко.

Она што лекарите го откриле е дека овој контакт кожа на кожа не само што им овозможува на мајките побрзо да ги напуштат болниците (што ја намалува пренатрупаноста), туку и ја намалува зависноста на нивните бебиња од инкубатори.

А, најневеројатно е тоа што лекарите забележале пад на стапката на смртност од 70 на 30 проценти.

Сега лекарите ширум Соединетите држави, Јужна Америка, Јужна Африка и други земји го препорачуваат овој контакт кожа на кожа - наречен кенгур нега - на новите мајки и предвремено родените, но и посвоени деца. Врзувањето треба да трае од 60 минути до 24 часа на ден, а татковците не треба да се исклучуваат.

Бенефетини од кенгур негата:

1. Подобра термичка регулација надвор од матката.

2. Подобрен ментален развој.

3. Полесно доење.

4. Подобар пулс и дишење.

5. Подобар имунитет.

6. Зголемено снабдување со мелко.

7. Намалени фетален стрес и болка

8. Подобар сон за бебето

9. Поврзаност со таткото

10. Превенција од постпородилна депресија.

Еве како да ја започнете кенгур негата:

Родителите треба да седат удобно во тивка, слабо осветлена просторија со малку приватност.

Ставете го бебето, облечено во пелени (и топла капа ако е потребно) на голите гради најмалку 20 минути.

И мајката и таткото можат да го доживеат ова време на приврзаност. Ако за време на хранењето се спроведува и кенгур негата, ставете го бебето со таткото откако мајката ќе го надои. 

фото: Flickr