Киднапирања на богати, белградското подземје дрма: Шок и Паша повторно на сцена-,,Клан 2“ од 8 јули достапен на GLEY

Добивај вести на Viber

Стартува втората сезона на криминалистичко-драмската серија Клан. Летово, GLEY ве води низ белградското подземје преку новите 8 епизоди на мафијашките провинцијалци. Од петок, достапни на платформата се првите две епизоди од серијата која и покрај воодушевувањето на многумина, не го вреднува раскошниот живот на моќта и парите.

Продолжението на серијата носи возбудливи приказни кои ќе го следат понатамошниот подем на мафијашкиот клан предводен од Шок и Паша.

Тие напредуваат во криминалната хиерархија и воспоставуваат нов бизнис модел - киднапирања на богати, што претставува нов извор на приход за кланот, но и за нивните претпоставени од редовите на командосите и ДБ, како и за Бубон.

Мотивирани од парите и престижот, Шок и Паша постепено го усовршуваат својот нов бизнис модел во кој им помагаат, со сила или љубезност, соучесници од полицијата, здравството, политиката, намерните и случајни послушници и членовите на нивните семејства.

Актерската екипа ја сочинуваат Александар Димитријевиќ како Шок, Недим Незировиќ во ликот на Паша, Владимир Ковачевиќ, Ненад Ј. Поповиќ, Младен Совиљ, Иван Зариќ, Феѓа Штукан, Урош Јовчиќ, Милош Петровиќ Тројпец, Горица Поповиќ, Љубинка Клариќ и многу други.

 

Креаторот на серијата е Бобан Скерлиќ.

За долгите топли јулски вечери ,,GLEY“ првата македонска национална стримиг платформа во секое време нуди повеќе од 300 филмови и 60 сериски наслови од домашна и странска продукција, достапни во секое време, на секое место, без реклами во еден здив.

https://gley.mk/


Пр Објава