Kilian Paris – Хармонија на емоции и единствени мирисни ноти
Овој бренд, основан од страна на Kilian Hennessy, наследникот на познатото семејство кое го произведува познатиот коњак Hennessy, ни носи извонредно богатство на ароматични доживувања низ мирисите кои се неодоливо интригантни и привлечни.
Kilian Hennessy е внук на коосновачот на најголемата светска групација на луксузни брендови LVMH (Louis Vuitton Moët Hennessy). Со такво потекло, Kilian Hennessy после студиите за јазици на Сорбона и неколку години учење на парфимерскиот занает одлучил да креира свој парфемски бренд.
Kilian е екстравагантен, раскошен, вистински претставник на луксузот кој се гледа во секој детал, од пакувањата во дрвени лаковани кутии украсени со златни детали и со постава од свила, до мириси кои ги креирале легендарните светски парфимери. Kilian Hennessy е миленик на светските медиуми, баш како и неговиот бренд.
Kilian Paris кај нас зазема значајно место во асортиманот на Belodore парфимерија.
Секој мирис на Kilian, како и секое модно парче има своја приказна, Тоа се повеќе од парфеми – тие се чувство, сеќавања и емоции затворени во шишенце. Во пресрет на овие богатства на мирот, патуваме низ времето и простор, доживувајќи препознатливи ноти кои нѐ освојуваат со својата автентичност и единственост. Kilian Hennessy со своите мириси и шишенца испишува приказна која ги истражува најскриените нијанси на човековата душа.
Секој парфем е внимателно осмислен и креиран да ги отсликува различните аспекти на човековите емоции, желби и сеќавања. Во овие префинети шишенца, се преплетуваат традицијата и модерното, а секој мирис станува израз на сопствениот карактер и стил.
Сеќавајќи се на "Angels’ share" како дел од своето наследство, Kilian зачекори во светот на парфемите. "Angels’ share" е најличната мирисна креација на Kilian досега, како мирис која навлегува длабоко во меморијата. Многу од неговите парфеми денес го враќаат сеќавањето на детството бидејќи потсетуваат на шеќер во алкохол во дабови буриња во кои се чува коњакот.
“Парфемот прво мора да биде добра приказна, пред да стане преубава мирисна хармонија. Филмскиот режисер прво го пишува сценариото, а потоа започнува со продукција.. токму тоа е начинот на кој ја развивав секоја колекција. За разлика од многу мои конкуренти кои своите парфеми ги именуваат по главната состојка, јас одлучив да направам нешто сосема поинакво. Одлучив на секој парфем да му доделам “титула“ и “под-титула“, истакнувајќи дека секој мирис е почеток на вистинска приказна која уште не е раскажана.
Сите мои парфеми се унисекс. Создавам парфеми кои изразуваат емоција која носи име. Ништо друго не ме интересира освен приближувањата на вистината колку е најмногу возможно“, смета Kilian Hennessy.
Како што секоја Belodore парфимерија е музеј на мириси и ремек дело за себе, така и секое шишенце на Kilian Paris е ремек дело која го разубавува нашето опкружување и станува дел од нашата личност.
Kilian се раководи со таканаречена "eco-luxe" филозофија, а тоа е дека секое шишенце може да биде дополнето и сочувано во текот на целиот живот, на тој начин создава помалку отпад и ја чува животната средина.
Претварајќи ги парфемите во моден додаток, Kilian Paris ни овозможува секојдневно да искусиме луксуз и елеганција. Kilian Paris е синоним за висококвалитетни состојки, рачно изработени шишенца и уникатни мирисни композиции кои ги отвараат срцето и сетилата на сите љубители на врвни парфеми, па ако сте љубител на модата, сигурно ќе пробате да ги вклопите во вашата единствена цел.
Пр објава