КИМ КАРДАШИЈАН ЗА „СОПРУГОТ ОД ПЕКОЛОТ“: Животот со Кание е тежок!
Многу медиуми во последниве неколку дена на тапет ја ставија реалити ѕвездата Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Кание Вест кој го нарекоа како сопруг од пеколот, со приказна дека Ким повеќе не може со него, и дека се подготвува за развод од милијарда долари.
Наводно, риалити кралицата конечно е подготвена да ги преземе работите во свои раце и да се разведе. Покрај три деца, и досадило и за сопругот да се грижи како да е дете.
„Најблаго кажано, животот со Кание е тежок. Ким ја стигна границата. Тој околу децата не и помага, има изливи на бес, стана таблетоман....од кога се роди Чикаго нападите се сѐ почести и сериозни. Често таа се прашува дали животот би и бил полесен без него“, наводно изјавил близок пријател на Ким.
Од друга страна, Ким во текот на посетата на Јапонија уредно ја промовираше новата модна линија Кание Вест и не давала никакви коментари за тоа што се шушка-дека токму таа барала развод.
Таа и понатаму стои до единствената изјава која неодамна ја даде-дека се е во ред и дека парот има среќен брачен и семеен живот.