Денес ги славиме Светите Кирил и Методиј.
По тој повод именден слават Кирил и Методиј, но и Кирила кое е женско име од името
Кирил.
Оригиналната форма на името е: Κύριλλος
Името е со грчко потекло.
Значење на името: господин, владетел, од Κύριος - Господ, господар, господин.
Постои мислење дека името има персиско потекло, поточно дека произлегува од древноперсиското име Курош (کوروش بزرگ), што значи „како сонце“, меѓутоа тоа е друго име кое го преведуваме како Кир.