Ќе плачам додека не се видиме на оној свет: Тамара неутешна по загубата на Влатко

Добивај вести на Viber

Тамара Тодевска не може да ја прежали загубата на својот другар и колега, Влатко Илиевски. Тамара и Влатко заедно учеа во средното музичко училиште, и беа партнери на матурската забава. Го снимија дуетот „Гушни ме“, песна која Игор Џамбазов ја напиша за нивното пријателство и им ја посвети.

Тајмара на својот Фејсјбук профил сподели спомен од пред две години, од првата средба на Влатко со нејзината ќерка Хана, која тогаш имаше седум месеци. „Министерот за рокенрол ни дојде на гости“, стои под сликата.

Емотивен статус на Фејсбук, му посвети Тамара на Влатко летово, неколку недели откако почина. Споделувајќи ја песната „Така требало да биде“ од првиот соло албум на Влатко „Со други зборови“, Тамара напиша: 

„ Еднаш ми рече дека оваа песна ти е за мене. Дали ме лажеше за само убаво да ми направиш, не знам.  Дали стварно ти беше за мене, никогаш нема да дознаам. Едно сум сигурна. Толку ми фалиш Влатче. Секој ден сѐ повеќе. Шетам низ парк и се вртам наоколу да не те сретнам случајно. Чувствувам некоја празнина кога ќе се сетам на тебе. Мислам дека ќе плачам секогаш кога ќе ми текне на тебе и така сѐ додека не се видиме на оној свет“  напиша меѓу другото таа.

Тамара во неколку наврати има изјавено дека нејзините песни песни „Најдобри пријатели“ и „Сино“ му се посветени на Влатко.