ЌЕ СЕ БОРАМ КАКО ЛАВИЦА против светот кој сака да ме контролира, но ќе сакам слатко и нежно

Добивај вести на Viber

Ова треба да го знаеш за мене: јас ќе те сакам бескрајно. Јас ќе се грижам за тебе. Но, ти си луд ако мислиш дека сум тип на жена која ќе седи во тишина покрај тебе, која ќе направи се за тебе, ќе собере се наместо и после тебе, ќе биде твоја мама. Тоа не сум јас. 

Јас сум онаа која ќе се рашири по цел кревет, јас сум возбудлива, духовита, јас сум онаа која ќе ти се спротивстави ако почувствувам дека кон мене не се однесуваш со почит, таа која ќе ти го украде прекривачот во ноќта. Кога светот се сврти против мене, јас ќе му возвратам. Јас ќе се борам со шаки и зборови и мисли и срце. Така сум одгледана, така сум порасната, така поминав низ борби а никој не ми веруваше дека тоа го можам. Никогаш нема да бидам тип на жена која седи и молчи. Тип на жена која чека мажот секогаш да и биде возач-рака која ја води преку улица, глас кој и кажува што да прави, кој да стане. 

Тоа никогаш нема да бидам јас. Јас ќе бидам тука за тебе и ќе бидам покрај тебе.

Ако бараш жена со трофеи, онаа која седи и само се смешка, онаа која како мамичка ќе ти исполнува се и ќе ти се поклонува - тоа нема да бидам јас. Ќе те сакам, но нема да ги трпам твоите с***а. Ќе бидам искрена, ќе се залагам за тебе, ќе бидам покрај тебе и ќе бидам за тебе. Ова е тоа што ќе биде: Кога дојде до тоа, јас ќе бидам жена која ќе се бори за тебе. Жена со раце кои можат да лекуваат. Жена која ќе те сака со најслатка нежност, но ќе се борам како лавица против светот кој ќе сака да ме контролира. Јас ќе бидам твоја неуредна бушава коса, твои најсилни емоции. Јас ќе бидам твој борец. Јас ќе бидам твој партнер, твоја друга половина, твој здив. Јас ќе бидам жена која ќе ја сакаш. А заедно ќе го освоиме овој свет, рамо до рамо, ти и јас.