Ќе се стопите: Најпопуларната диета за 2019

Добивај вести на Viber

Многу нутриционисти истакнуваат дека оваа диета е најдобар режим на исхрана бидејќи придонесува за правилна работа на цревата и овозможува брзо слабеење

Познатата Г диета се базира на храна за правилно функционирање на цревата и против подуеност на стомакот. Таа го стимулира развојот на бактериите во црвета, па така се забрзува метаболизмот и варењето на храната. Трае 21 ден, а првата фаза подразбира да ја исфрлите брзата храна, целиот режим да се базира на здрави и хранливи намирници.

Во втората фаза внесете природни пробиотици: јогурт, кисела зелка. Во третата фаза, вратете ги нормалните намирници, но следете ја реакцијата на организмот. Искуствата покажуваат дека за три недели може да изгубите 7 центиметри во делот на струкот, а ако се храните на овој начин до лето ќе имате совршена линија.