Ќе се воодушевите од погледот на величествениот имот на Маја Оџаклиевска: „Го изградив овој рај за мојот аутистичен внук да има свој мир“
Домот на Маја Оџаклиевска - куќа во цвеќе...
Пејачката Маја Оџаклиевска избра да води животот на простран имот, далеку од градската гужва и љубопитните погледи. Домот на Маја Оџаклијевска, куќата во цвеќиња, како што таа ја нарече, се наоѓа на голем имот, кој пејачката сама го уредува и каде се е прилагодено на потребите на нејзиниот внук Лука кој има аутизам.
- Неговиот аутизам го препознав кога имаше две години. Како прво, затоа што се криел на темни места, најмногу се криел, а на допир врескаше. Имаше чести хистерични напади, односно мислев дека се хистерични...
Детето се лутеше, толку многу што помодруваше. Тоа се страшни работи, мораше да се избори со тоа. Бидејќи ќерка ми не можеше повеќе, решив да се грижам за Лука.
Ми се чинеше дека сè уште ја имам таа голема љубов, која можам да ја дадам и ќе му ја дадам, бидејќи чувствував дека му е многу потребна љубов и тој по некое време почна значително да се смирува. Со него сум скоро пет години и само минатата година и го предадов на мајка му, велејќи дека едноставно немам повеќе физичка сила.
Таа беше домаќинка на екипата на емисијата „ТВ лице“ на огромниот имот, каде се наоѓа скромниот дом на Маја Оџаклиевска.
- Сето ова го направив поради него. Можев да останам во Белград и да бидам изолирана од светот. Сепак, ова беше фантастично решение и за него и за мене, па кога почнав да го реалзирам ова пред три години, тој ја доби својата лулашка, рече таа и објасни дека тие двајца имаат невербална комуникација.
- Само чувствуваме, вели Оџалиевска.
Фото: Принтскрин/Јутјуб
Извор: Story.rs