Ќерката на Аце Пејовиќ го прослави 18-тиот роденден: Погледнете во каква убавица порасна Ива (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Ќерката на познатиот српски пејач Аца Пејовиќ, Ива Пејовиќ, наполни осумнаесет години, а пејачот ја искористи таа прилика да приреди голема прослава во еден познат белградски хотел.

Убавата Ива се појави во друштво на својата сестра која не ја напушташе во текот на целата вечер. Двете пристигнаа во хотелот меѓу првите кои ги пречекаа останатите гости.

View this post on Instagram

A post shared by (@oliskica)


Семејството Пејовиќ отсега има уште еден полнолетен член, а пејачот често не може да ја сокрие среќата што покрај блескавата кариера успеал да изгради и стабилно семејство.

Тој често во медиумите вели дека неговата сопруга е столбот на семејството и дека таа е одговорна што нивните ќерки денес се вистински лавици и пред сѐ добри луѓе.

View this post on Instagram

A post shared by (@_snezanadjurisic_fp_)


Затоа и посвети дури и песна. Најстарата Магдалена диплимираше на ФОН, средната Марија лани дипломираше медицина со највисоки оценки, а нема дилема дека и најмладата Ива ќе оди на факултет.

‒ Сите три секој ден ме прават горд татко. Јас и Билјана сме му благодарни на Бога за луѓето во кои пораснаа нашите ќерки. Морам да признаам дека завршивме одлична работа како родители - вели Ацо Пејовиќ, кој речиси три децении е во хармоничен брак.

Извор: glossy.espreso.co.rs