Ќерката на Бред и Анџелина официјално се откажа од презимето на нејзиниот татко: Одобрено и е барањето отсега да биде Шајло Џоли

Добивај вести на Viber


Бред Пит беше многу погоден од постапките на неговата ќерка.

Актерот Бред Пит и неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли беа заедно со години и имаат шест деца.

По разводот, двајцата си упатија бројни меѓусебни обвинувања, а настана и битка за старателство и имот. Двата најстари синови на актерската двојка Медокс и Пакс не кријат дека се на страната на нивната мајка.

Тие неколку пати досега јасно ставија до знаење дека не сакаат ништо со нивниот татко, а Пакс преку социјалните мрежи го навредуваше Пит. Меѓутоа, неодамна сите беа изненадени и од нивната ќерка Шајло, која реши да се откаже од презимето на нејзиниот татко.

Според „Пипл“, нејзиното барање било одобрено и отсега нејзиното презиме ќе биде само Џоли.

„Секој што сака да го смени своето име мора да биде подложен на проверка од страна на судски службеник, а поради грешка во службата, сослушувањето на Шајло продолжи подоцна“.

Покрај тоа, Шајло мораше да го испечати своето барање во весник, а таа одлучи дека тоа ќе биде Лос Анџелес Тајмс.

Извори блиски до Пит изјавиле дека тој бил свесен за намерата на неговата ќерка и дека му било тешко.

„Тој е свесен и вознемирен затоа што Шајло го одби неговото презиме. Потсетувањата дека ги загубил децата, секако, не му се лесни на Бред. Ги сака своите деца и му недостигаат“, изјавил изворот за споменатите медиуми.