,

Ќерката на премиерот Заев го прослави 20-от роденден: Одбра сигурна варијанта - мал црн фустан

Добивај вести на Viber

Ќерката на премиерот Зоран Заев го прослави 20-от роденден.

Иако нема дилема дека интересот за нејзиниот приватен живот секојдневно расте, Александра Заева ретко споделува фотографии на нејзините социјални мрежи.

Сепак, вчера имаше супер повод за нова фотка - нејзиниот роденден.

Таа не откри како и со кој го прославила роденденот, а она што е приметливо е дека направила промена во имиџот, односно ја носи нејзината природна боја на коса, за разлика од порано кога беше русокоса.

Александра негува едноставен младешки стил и секогаш внимава на својот изглед, па и овојпат одбра сигурна варијанта - едноставен мал црн фустан.


Премиерот Заев има уште едно дете, синот Душко кој е скоро три години помал од Александра.