Книга на денот: „Мајки - блогерки“ од Холи Вејнрајт

Запознајте ги трите жени што ги живеат своите животи на интернет, секоја од нив со следбеници, сметана за идол, имитирана, исмевана и „тролана“. Ел Кембл е дотерана, „стегната“ мајка со дефинирани и цврсти стомачни мускули, десетгодишен план и сложено минато. Аби Блек се откажала од јадење шеќер, се преселила на село и дома ги школува нејзините тинејџери со променливо расположение. Лајзел Адамс ја работи напорно својата канцелариска работа секој ден пред да јурне накај дома, полна со вина, за да помине бесценети моменти со нејзините три деца пред спиење. Заштитен знак за сите три, во кој уживаат или ги згрозува, е мајки-блогерки. И врските не застануваат таму...

Кога сите три се номинирани за престижната награда за блогери со богата парична награда, на сцена доаѓа брутална и често смешна бoрба на срца и умови − и кликнувања. Како што се приближува ноќта на доделувањето на наградите, нивните лаги стануваат поголеми, маркетиншките трикови сè полуди − и станува сè потешко да се скријат некои грешки од минатото.

„Мајки-блогерки“ е остроумен и смешен приказ на моќта на социјалните медиуми и жените зад „лајковите“, споделувањата и филтрите. Оваа книга се смета за најсвежиот, најхумористичен глас во фикцијата, по Лијан Моријарти.

Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а е достапна за онлајн нарачка преку Literatura.mk на следниот линк.