Книга на жалост за прерано починатиот Андреј: Засекогаш твоите другари и другарки од основно и маало

Блиските другарки и другари од основно и од маало на Андреј од ДНК, кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 20 март ќе отворат книга на жалост.
„Со скршено срце и неизмерна тага заради огромната трагедија во Кочани, како и загубата на нашиот школски другар, сосед, пријател Андреј Ѓоргиески, отвораме книга на жалост. Книгата на жалост ќе биде отворена на 20 март во 10:30 часот во т.ц. Лептокарија, на делот кој ние го нарекувавме „коцка“ и во кој ги поминавме најубавите години на смеа и дружење токму со Андреј. Да бидеме заедно во тагата, како што бевме и во радоста, да го чуваме споменот на еден човек со огромно срце и несебична грижа за другите и послабите каков што беше Андреј. Засекогаш твоите другари и другарки одосновно и маало. Почивај во мир школски“, напиша Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини.