Родителите ја криеле бидејќи била преубава: Стана фатална жена каква светот не памти

Се потсетуваме на нејзината неверојатна животна приказна

Секој пат кога ќе слушнеме факт за животот на Моника Белучи, фактите не тераат да кажеме: „Па, само таа го може тоа!“

Се прашувате како е можно Моника Белучи да старее на толку природен и убав начин? Како е можно брчките толку добро да ѝ прилегаат и да ја направат уште поубава, наместо да и ја нарушат убавината?

Вистината е дека Моника направи сѐ што сакаше во животот. Таа ги исполни сите нејзини хирови!

foto: profimedia

Но, да почнеме од почеток:

Моника Ана Марија Белучи е родена во селото Чита ди Кастело на 30 септември 1964 година како единствено дете на сопственикот на транспортната компанија Луиџи Белучи и сликарката Марија Густинели.

Се зборуваше дека нејзините родители ја криеле колку што можеле, плашејќи се што може да направи нејзината убавина.



Моника почнала да се занимава со манекенство на тринаесет години, за да го плати своето образование, а до 1989 година станала едно од препознатливите лица на париската модна сцена, појавувајќи се на насловните страници на списанија како Elle и соработувајќи со брендови како што се се Долче и Габана.

Студирала право на Универзитетот во Перуџа, но на крајот го напуштила колеџот за да се посвети на манекенството. Таа се омажи за фотографот Клаудио Бас во 1990 година, но се разведоа по четири години. По работата на неколку италијански телевизиски емисии, како и глумењето во филмови, Белучи ѝ се претстави на американската публика со филмот Дракула во 1992 година. Четири години подоцна, таа одигра значајна улога во францускиот филм Апартман.



Наскоро таа доби холивудски улоги, како и европски филмови. Глумеше во бројни филмови, но најзабележителна улога и беше во Малена. Таа остана најпрепознатлива по таа улога.

Кога требаше да добие улога во Spectre, таа му рекла на режисерот Сем Мендес дека ќе биде херој меѓу жените доколку ја вработи, бидејќи таа е вистински сексапил по ум, имагинација, а не по години и тело. Така и стана најстарата ангажирана девојка на Џејмс Бонд.

Во филмот Апартман го запознава Винсент Касел со кого глуми и по неколку години се венчаа. Додека биле во брак, Винсент и Моника живееле во одвоени станови, за да не паднат во рутина и да си станат навика еден на друг. И покрај тоа, тие се разведоа во 2013 година.

Со разводот од Винсент по тринаесет години брак, таа сфатила дека не знае што да прави сега сама, но нагласила и дека љубовта не познава развод и дека можеби ќе се сретнат и ќе се помират.



Според нејзиното мислење, никогаш не се плашела да ги прави работите во вистинско време. Така ги родила своите ќерки на 39 и 45 години, а во своите години гледа посебен шарм. Затоа и е јасно зошто е привлечна за помладите мажи, бидејќи, како што вели, дури сега знае што сака, а притоа има и животно искуство.

И покрај големиот успех и згодните мажи кои ги заведувала, жените сепак и завидуваат на Моника за нејзината убавина. А како таа самата се поврзува со своите години најдобро кажува оваа нејзина изјава:

„Што ќе правам кога ќе остарам и мојата слика во огледалото веќе нема да ме прави среќна? Исто како што правеше мајка ми. Јас нема да се гледам себеси во огледало, ќе ги гледам моите деца“.


ФОТО: Инстаграм