„Кога ме тепаше пред детето, тогаш реков доста е!“ Мирјана Марковиќ трпела тешко насилство, тоа што ѝ го правел додека спиела е најстрашно
Својата болна приказна Мирјана Марковиќ од Сремска Митровица ја раскажана по повод Меѓународниот ден
против насилството врз жените, со цел да се укаже на црната статистика која
речиси воопшто и да не се менува. Од семејното насилство не зафатени само слабо
образованите жени или оние кои се целосно финансиски зависни од нивните
партнери, туку и оние кои се образовани и остварени на секое поле.
Мирјана за прв пат ја раскажа приказната за нејзината борба со сопругот насилник во 2015 година на форум за насилство во Истанбул, и до ден денес отворено зборува за тоа како би инспирирала многу жени да го напуштат токсичниот сопруг и да не трпат насилство, да се ослободат од стегите што поради насилството ги притиска со години.
Марковиќ е писателка и претседателка на Литературното друштво на Сремска Митровица, историја завршила во Нови Сад и магистрирала политички науки на Факултетот за политички науки во Белград. Вработена е во градската администрација за култура и спорт, но тоа не и допринело да има хармоничен живот без насилство, затоа и постојано потенцира дека нема одредена група на жени кои се зафатени од оваа „болест“ на денешницата.
-Тоа се случуваше и на јавни места, секаде и пред луѓе. Членовите на семејството и пријателите кои знаеја што ми се случува се обидуваа да ме заштитат, но сепак постојано криев дека ме тепа, особено од моите родители. Тие ништо не знаеја што случува, а кога им кажав, мојот брак веќе беше завршен – изјави Мирјана за српките медиуми.
Приказната од самиот почеток била идеална, како и во многубројните насилни врски, коа на почетокот нема никакви проблеми. Првите денови од бракот и биле полни со романса, исполнети со љубов и буквално преку ноќ се се претворило во тотално поинаква приказна. На почетокот таа самата била во шок и неверување дека сето тоа и се случува. Верувала дека тоа е така поради алкохолот, и дека тоа нема да се повтори.
- Знаете, растењето во патријархално семејство и добро познатата дисциплина на воспитување дека семејството е над се друго и „правилото“ дека жената мора многу да трпи, всушност најмногу влијаеше на мојот однос кон насилството, кое , може да се каже, свесно го криев и трпев од сите - изјави Мирјана.
Почетоците на сè биле полни со неизвесност, бидејќи таа не знаела кога нешто може да ескалира. Со текот на времето, станала свесна кога почнуваат проблемите, па можела да го „спречи“ насилството со бегство во куќата на својата пријателка или кај роднините.
- Имаше и моменти кога насилството се случуваше често, ненадејно за време на спиењето, кога немав шанса да го избегнам. Така завршив со повреди на лицето, главата, вратот, телото... Сега се срамам од себе зашто си го дозволував тоа. Кога жената секојдневно доживува вакво нешто, па дури и повремено, тоа значително влијае на нејзиното чувство за вредност, нејзината самодоверба паѓа и што е најлошо, многу луѓе мислат дека го заслужиле ќотекот, изјави Мирјана која не се чувствувала добро во тој период од животот. Пред се, таа била енергична личност, полна со живот и креативност, а откако почнало насилството таа речиси и да го допрела дното.
- Се разболев, имав тумор, па операција... И искрено мислам дека тоа е последица на стресот низ кој поминав. Имав високиот крвен притисок и тоа дефинитивно влијаеше на моето расположение и во еден период дури се чувствував депресивно – признала таа.
Одлучила да стави крај после ќотекот кој го добила пред детето.
-Кога ме тепаше пред детето, тогаш се освестив. На тој ден станав свесна дека морам да излезам од тој пекол. На насилството му дојде крајот, како и на бракот и се чувствував како да сум ослободена од ропството. Тоа чувство дека е во маѓепсан круг траело долго по развод, вели Маријана кој им порачува на сите жени кои трпат насилство да се борат за својот живот, и да не се плашат да си заминат.
- Никој нема право да ви го загрозува животот и вашето здравје. За жал, на секој чекор можеме да наидеме на жени кои се малтретирани. И не само жените, туку и мажите кои трпат насилство не смеат да го дозволат тоа, иако за нив малку се зборува, заклучи Марковиќ.
Фото: Приватна архива Zenars/Ringier