Кога нешто ве боли побарајте мислење од повеќе лекари: Најубавата девојка на светот заврши на итна операција поради проблем кој многумина го игнорираат
Манекенката Тилан Блондо, позната како најубавата девојка на светот, сподели слики од болничкиот кревет.
Тилан Блондо (20) им откри на своите следбеници на Инстаграм дека минатата година имала неколку операции поради проблеми и компликации со цисти на јајниците.
Пред година и пол, како што објасни, ѝ експлодирала циста на нејзиниот јајник.
- Три месеци потоа стомакот повторно почна да ме боли. Сите мислевме дека тоа е поради операцијата. Оваа година бев на три различни гинеколози, бев во повеќе од четири радиолошки центри во Париз и сите постојано ми велеа: „Не грижи се, се` е во твојата глава“.
Пред четири дена отидов во ургентниот центар бидејќи стомакот неподносливо ме болеше. Ми рекоа дека се' ќе биде добро, дека имам мала циста и да одам на преглед за два до три месеци. Еден ден потоа имав преглед кај неверојатниот лекар Оливие Кадос, кој веднаш виде циста од 5 или 6 см како стои до мојот јајник. Ме испрати на снимање и еден час подоцна ми се јави и ми рече дека треба итна операција. Денес конечно сум подобро и конечно сум слободна. Почнав да мислам дека сум луда и дека измислував се'. Мило ми е што не се откажав од барањето помош.
Од ова научив дека ако нешто ве боли, не треба да ја игнорирате болката. Не се откажувајте, побарајте мислења од неколку лекари додека не наидете на оној што ќе го реши вашиот проблем. Секоја болка, дури и најмалата, сигнализира дека нешто не е во ред.
Д -р Оливие буквално ми го спаси животот, заедно со неговите колеги. Секако, благодарна сум и на мајка ми која дојде со воз да биде со мене, како и на момчето кое е со мене од првиот ден - рече Тилан.
извор:zena.blic