КОГА РОДИТЕЛИТЕ ОСТАРАТ: Единствениот начин никогаш да не згрешите е овој!

Добивај вести на Viber

Без разлика на тоа колку сте стари или успешни, за нив сте само дете...

Комуникацијата со старите родители често знае да биде заморна. Поради генерацискиот јаз, неретки се конфликтите но и недоразбирањата од разни видови.

Уметникот Александар Галитски со години работи со возрасни луѓе, учејќи ги како да прават скулптури од дрво или да сликаат.

Ова се неговите правила за комуникација со старите луѓе, т.е со родителите, а ние решивме да ги споделиме со вас.

1. Не обидувај се да ги промениш

Кога бевме деца, нашите родители не излудуваа со приказни за момчето од соседството кое ги има „сите петки“ и кое безизговорно ги слуша своите родители.

Сега кога тие остареа, веројатно за да ги поттикнете вие често кажувајте им ги речениците од овој тип: „Соседот секој ден шета, а ти цел ден седиш дома“.

Не обидувајте се да ги промените. Не можете да ги промените луѓето во тие години. Она што можеме е да ги прифатиме такви какви се. Ако личноста е пушач во своите осумдесети таа веројатно не сака да се откаже од цигари, без разлика што знае дека тоа за него не е добро.

2. Не обвинувајте се себе

Вината не стигнува сите, порано или подоцна. Што и да се случи, секогаш во еден период од својот живот ќе се чуствувате како промашај: не го завршивте она што ве замолија, викате на нив без потреба итн. Не обвинувајте се себе.

Секој од нас мора да води сметка за себе и да се опушти. Ако живеете да им удоволите на родителите, на крај ќе се доведете во ситуација да ги обвинувате нив за својот неуспех во животот.

Зошто не се омажите? Зошто не родите деца? Тоа не е одлука на вашите родители, туку ваша лично. Вие живеете свој живот, а на нив препуштете им го нивниот.

3. Не влегувајте во конфликт

Со старите родители често мора да постапувате како со мали деца-стрпливо. Никогаш не реагирајте на нивната агресија, повишен тон или навредност. Ако реагирате-вие губите. Сослушајте ги и обидете се да го решите нивниот проблем или причина на нивна вознемиреност. Тоа е единствениот начин на крај да не се чуствувате виновни.

4. Не очекувајте комуникацијата да биде задоволство

Тие се нервозни, нерасположени или било што. Тоа се само луѓе. Исто како ние. Затоа, ако се лути, разговарајте со нив, немојте да ги штедите затоа што се стари. 

Што е тоа што би можеле да направите за да им помогнете на своите родители:

1. Покажете чуство но не и сожалување

Сочуството е многу важно, но немојте да се однесувате како да тие се бепомошни и гревчиња.

2. Бидете нивна потпора

Никогаш не одете кај родителите да се жалите или кукате. Секогаш имајте две приказни: една за нив, а другата која е вистина. Бидејќи, тие целиот свој живот го посветиле на вашиот успех и на нив ќе им биде тешко да бидат ако вие не сте задоволни.

Далеку од тоа дека би требало да ги лажете, но вие сте поспособни отколку тие сега во овие години. Бидете нивна поддршка, тие толку години биле ваша.

3.Простете

Многу е важно да научите да заборавите на минатото. Ако денес не му простите на својот татко или мајка, утре можеби ќе биде доцна. Мораме да бидеме доволно силни за да простиме и да почнеме од почеток.

Секогаш имајте на ум дека тие единствено вас ве имаат, и без разлика колку сте стари или успешни за нив вие сте само нивното дете.