Кога се соблекла не сметала на една важна работа: Еве како кралицата Камила изгледа во костим за капење

Добивај вести на Viber

Фотографиите од новата кралица Камила Паркер во костим за капење, кои беа направени на Карибите пред неколку години, станаа хит на мрежите по церемонијата на крунисувањето.

Кралицата Елизабета Втора е првиот британски монарх кој поминал цели 70 години на тронот. Платинестиот јубилеј на кралицата го одбележа нејзината изјава која наиде на големо изненадување за сите - таа изрази желба Камила Паркер Боулс, сопругата на нејзиниот син принцот Чарлс, да ја добие титулата кралица кога тој ќе стане крал.

Оваа одлука минатата година беше изненадување за многумина, бидејќи до сега преовладуваше ставот дека Камила ќе ја има титулата принцеза. Сепак, кралицата Елизабета ја промени својата одлука. Пред и по смртта на Елизабета Втора, интересот за Камила е исто толку голем како и во периодот кога таа се омажи за принцот Чарлс во 2005 година. Се шпекулираше дека Камила и Чарлс биле многу порано во врска кога тој бил во брак со принцезата Дијана, а последниот доказ медиумите го презентирале во 1992 година, кога бил објавен транскриптот од неговите тајни разговори со Камила.


-„Фотографии на кои Камила би ги заплила кога би можела“, „Таа е прекрасна кралица за нас, овие фотографии... нема коментар“, „Оваа жена нема ништо убаво на неа“, „Се срамам од оној кој ја посака за наша кралица“... Беа дел од коментарите кога повторно се појавија нејзините фотографии од одморот на Карибите.

Камила беше болна точка во бракот на Лејди Ди и Чарлс, а за тоа се зборува и во биографијата „Дијана: Нејзината вистинска приказна“, објавена во 1992 година од Ендрју Мортон. Во книгата, принцезата зборува за „еден од најхрабрите моменти“ во нејзиниот живот, а тоа е нејзиниот прв разговор со Камила Паркер. Таа беше најголемата причина за распадот на кралскиот пар.

- Знам што се случува помеѓу тебе и Чарлс и само сакам да го знаеш тоа - рече тогаш Дијана.


Фото: Profimedia