Повеќе познати жени се дел од евровизискиот спот на Тамара Тодевска за песната “Proud“, кој ќе се промовира вечерва во 19.30 на МТВ.
Тамара симболично го избра Осми март за промоција на спотот и избра повеќе силни жени, нејзини пријателки и соработнички кои учествуваат во спотот. Тамара во Тел Авив, Израел ќе настапи на 16 мај, во второто полуфинале. Автори на песната се Дарко Димитров, Лазар Цветкоски, Роберт Билбилов и Коста Петров со неговата сопруга Сања Поповска.
Актерката Јана Стојановска
Моделот Катарина Ивановска
Харфистката Мерсиха Шукри
Сестрата на Тамара.- пејачката, виолончелист и актерка, Тијана Дапчевиќ