Кој бренд за бела техника и домаќинства ќе се отвора во Аеродром
Со внимателно избран асортиман и атрактивни цени на производите од бела техника, телевизори и голем број апарати за домаќинство, „Техномаркет“ отвара уште еден маркет. Со ова Техномаркет е уште поблиску до своите купувачи и продолжува со зголемување на својата продажна мрежа. Лоциран е на булевар Србија број 48, помеѓу населбите Аеродром и Ново Лисиче. Големата промоција со многу изненадувања ќе се одржи на 15-ти мај, среда, со почеток од 12 часот.
„Според нашите истражувања на пазарот, се одлучивме за маркет кој ќе ги задоволи барањата и потребите на жителите во тој дел од градот. Продавницата се простира на 700 квадратни метри, на два ката со сопствен паркинг, со амбиент за целото семејство. Секој ќе може да си одбере и да си купи сѐ што ќе посака за својот дом. Ве покануваме на 15-ти мај да бидете дел од изненадувањата кои ги подготвивме за вас на големото отворање во населба Аеродром“ велат од „Техномаркет“.
„Техномаркет“ е компанија со долгогодишна традиција,со продажни места ширум земјава кои ги следат светските стандарди и трендови за техника.