Вo среда северна студена маса ќе го донесе вториот снег на македонските планини, најави метеоролошката прогноза.
До тогаш следува период на претежно облачно време со повремени врнежи на дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните деови и крајните југоисточни подрачја на Македонија. Иако нетипично за доцна есен, на места врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи.
Од среда времето ќе биде стабилно со пониски утрински и дневни температури и со снег на планините.