Кој ќе го наследи богатството на Синиша Михајловиќ? Без разлика на тестаментот, имотот ќе биде распределен како што налага законот

Добивај вести на Viber

Откако веста за смртта на Синиша Михајловиќ стигна до медиумите, тие се преплавени со написи за него, а поделбата на имотот е нешто што многумина ги интересира уште од самиот почеток

Познатиот фудбалер Синиша Михајловиќ беше погребан пред неколку дена во Италија. Неговите пријатели и семејството се збогуваа со него засекогаш. Голем број луѓе дојдоа да му оддадат последна почит и беше испратен како што доликува.

Синиша Михајловиќ го остави семејството, сопругата Аријана Рапаќони и петте деца, како и еден вонбрачен син.

View this post on Instagram

A post shared by Arianna Rapaccioni Mihajlovic (@ariannamihajlovic)


Синша во текот на животот ја доби титулата еден од најдобрите фудбалери во италијанската лига, а беше успешен и како тренер. За време на неговата долга кариера стекна солидно богатство. Како што објавија медиумите, тој поседува луксузен стан во Рим, вила во Порто Черво, планинска куќа во регионот Абруцо.

Токму затоа што вредноста на тие имоти не е мала, сите погледи на јавноста беа насочени кон тестаментот со кој ќе се реши прашањето за неговото наследство.

„Независно од тестаментот, наследството на Михајловиќ ќе мора да се подели и со неговиот вонбрачен син Марко. Така налага Граѓанскиот законик. Тука е секако неговата сопруга Аријана со која ги има ќерките Викторија и Вирџинија и синовите Мирослав, Душан и Николас“ – се наведува во текстот на италијанскиот весник.

View this post on Instagram

A post shared by Sportske vesti (@sportske_vesti_rs)


Како што претходно пишуваа медиумите, Марко го запознал својот татко кога имал единаесет години.

Синиша имал намера да го запознае синот дури откако момчето ќе наполни 18 години, но на убедување на сопругата го забрзал процесот. И се покажа дека тоа е вистинската одлука.

За жал, Синиша прерано не напушти, но зад себе остави прекрасно семејство со кое може да се гордее.

Извор: glossy.espreso.co.rs