КОЈ ЌЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ДЕЦАТА: Отворање на градинките ниту на повидок, а родителите мора да одат на работа

Огромен е бројот на родителите кои загрижено прашуваат кој ќе ги чува децата,  бидејќи со почетокот на пандемијата градинките беа први кои ги затворија вратите. Од мај месец се зборува за повторно отворање на овие установи, но тие никако да почнат со работа, а проблемот со грижа околу најмладите се провелекува и во текот на летните месеци, бидејќи најголемиот број од родителите мора да одат на работа. На почетокот на неделава, Комисијата за заразни болести имаше состанок со претставници од Министерството за труд и социјална политика, но за Фактор откриваат дека од оваа надлежна институција дошле целосно неподготвени, со протоколите кои беа утврдени за летните месеци, кога се планираше, најголемиот дел од денот децата да го минуваат во дворовите на градинките.

- Состаноци ќе имаме повторно, но многу тешко ќе оди отворањето на градинките. Од Министерството за труд и социјална политика немаат подготвено протоколи како сето тоа би се организирало, а да биде безбедно по здравјето на децата. Само околу 30 проценти од градинките би можеле некако да се организираат за непречена грижа околу најмладите. Групите не смеат да бидат преоптоварени, а се знае дека таму има и по 30-тина деца, што е навистина многу. Главно е да бидат редуцирани, но мора да имаме комплетна слика од Министерството за труд колкави се просториите, по колку деца има во установите, не може туку така да речеме, ајде почнувајте со работа во услови на најголемата пандемија во светот. Од друга страна, пак, имаме среќа што децата не се ризична група кога станува збор за корона вирусот. Само 2 до 3 отсто може да се раболат, но наша работа е да обезбедиме најдобри безбедни услови за здравјето на децата, вели д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за заразни болести и директор на Центарот за јавно здравје.

Повеќе детали на Фактор.мк