Животна училница // Приказни
КОЈА Е ХРВАТСКАТА ИНФЛУЕНСЕРКА КОЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ - има само 26 години, а еве која е нејзината експертиза
Нина Скочак, инфлуенсерка чии објави на социјалните мрежи имаат стотици илјади прегледи, ја предводи најмладата хрватска листа за Европскиот парламент и се надева дека нејзината популарност ќе и овозможи мандат на изборите во недела, пишува француската новинска агенција АФП.
Скочак ја предводи првата независна изборна листа на генерацијата З со дванаесет кандидати на возраст од 19 до 30 години.
„Ова е експеримент за да се види дали е воопшто возможно, никој досега не го направил“, изјави 26-годишната Скочак за агенцијата Франс прес.
Нејзината експертиза е модата од 1940-тите, која привлече четвртина милион следбеници на нејзините профили на TikTok и Instagram.
Повеќе за информацијата, прочитајте на Фактор.