Која е Македонката која растури во бугарското шоу за таленти?

На социјалните мрежи, синоќа и денес, сите зборуваат за талентираната Калина Велковска-Кали, Македонката која растури во бугарската верзија на светски познатото шоу за музички таленти The Voice. 

Порасната со класичната музика во училниците на МБУЦ „Илија Николовси Луј“, детските хорови „Пиколо“ и „Развигорче“, воспитана во бендовски манир и партизанска алтернативна култура низ скопските гаражи, Кали од 2006 година активно плови низ немирните и нестабилни води на македонската авангарда, далеку од поп естрадата. 

Целата биографија на Велковска и нејзиниот настап ги имате на ХАШТАГ.МК