Ова е пејачката која ќе ја добие наградата „Песна на сите времиња“ на претстојниот „Охрид-фест“

Добивај вести на Viber

Наградата „Песна на сите времиња“ годинава на „Охрид фест“ ќе отиде во рацете на вонсериската пејачка Јелена ТОмашевиќ, чија песна го помина тестот на времето и се слуша скоро 2 децении.

Го помина тестот на времето, ни се врежа во срцата и еве ја трае скоро 20 години. Кои ви се асоцијациите за „Јутро“, колку ве израдува наградата? 

- Секако дека „Јутро“ е мојата музичка лична карта, и драго и е што е прогласена за песна за сите времиња, бидејќи таа навистина е антологиска. Му благодарам на „Охрид фест“ за оваа награда! Секако таа му припаѓа и на Жељко Јосимовиќ кој ја компонираше „Јутро“, го правеше аранжманот ама и на Александра Милутиновиќ која го напиша текстот. И благодарам на публиката која ме сака, поддржува и слуша сите овие години, и благодарам бидејќи имам за кого да пеам. Често настапувате кај нас, ја сакате Македонија а и таа вас, публиката ве обожува, тука се и спомените на Тоше, музикалност како национален код. 

Што уште сакате кај нас и која е првата работа што ја правите кога ќе дојдете во Македонија? 

- Навистина постои некоја тајна врска помеѓу македонската публика и мене, па затоа често ви доаѓам. Секако тука е и поврзаноста со вонвременскиот Тоше чива што песна „Где да одем да те не волим“ ја снимив на претходниот албум. Обожавам се кога ќе дојдам во Македонија-  од луѓе, преку музика па се до храна. Успешна кариера, фантастични песни, концерти...

И покрај тоа вие останавте природна, достапна и драга. Како ви успеа да го совладате егото? 

- Мислам дека тоа е работа на воспитување ама и на карактер. Оваа наша работа е многу неизвесна а популарноста- релативна, па се може многу бргу да се смени. Затоа е добро да не се занесувате со слава. Музиката денес, нови пејачи, нови жанрови... 

Што мислите за тоа и колку песната е браник против сите „натрапници“ во музиката? 

- Да, тоа е песната. Мислам дека трендовите секогаш постоеле, па и меѓу нив има добри песни, не се осудува се. Медиумите можат многу да помогнат, во подеднакво пласирање на трендовската и меин стрим музиката, за да немаме впечаток дека на публиката и е наметнат некој вид на музика, туку дека го имаат правото на избор.


 Фото:Милош Надаждин