Која го носи подобро: Дуа Липа во истото минијатурно бикини што го носеше и Карлеуша (ФОТО)
Јелена Карлеуша на Инстаграм се пофали дека светската поп sвезда Дуа Липа ја ископирала, облечена во ист костим за капење како нејзиниот.
Јелена Карлеуша важи за една од најголемите модни икони на регионалната сцена, но не е невообичаено познатите светски sвезди да ја копираат.
Така, имавме можност да ја видиме Софија Вергара во истиот фустан што го носеше Јелена, како и ријалити sвездата Кристин Квин, која беше инспирирана од пејачката.
Овојпат Дуа Липа е облечена во истиот костим за капење што Јелена го носеше неколку недели пред неа.
Имено, Карлеуша пред неколку недели позираше во оскудно плетено бикини, кое ги истакнува сите нејзини атрибути, а сега истото го стори и Дуа Липа. Таа објави на Инстаграм фотографии од неа и Дуа Липа во споменатиот костим за капење и праша „која изгледа подобро во него“.
Потсетуваме, Јелена беше доста гласна пред неколку месеци кога станува збор за оваа британска пејачка со косовско потекло. Дуa пропагираше „Голема Албанија“, на што Карлеуша не остана имуна, а за нејзиниот одговор пишуваа светските медиуми.
Со оглед на тоа дека Јелена ја следат светски sвезди, кои ја копирале неколку пати досега, фановите се сигурни дека Дуа не случајно го избра бикинито што Карлеуша го носеше неколку месеци порано.
Во галеријата подолу, погледнете ги фотографиите и сами проценете која пејачка е го носи подобро ова бикини.