„Колабираа една по друга“: Концертот на Александра Пријовиќ беше прекинат, итната помош мораше брзо да реагира
Една од најактуелните пејачки Александра Пријовиќ на 14 август одржа концерт во Врњачка бања.
Нејзиното појавување на сцената беше одложено, па Прија на сцената се појави нешто подоцна од најавеното.
- Ви благодариме што дојдовте во толкав број. Се извинувам за доцнењето, имаше колапс на влезот и тоа ме спречи да се појавам на време - откри Александра.
Високите температури и огромните гужви доведоа до неколку неочекувани ситуации. На една девојка од публиката и се слошило, поради што луѓето околу неа почнале да викаат за помош: „Се онесвести“, а Прија веднаш го прекинала концертот.
- Кој се онесвести? Може ли да помогнам ве молам? Еве, ќе слезам - загрижено рече Прија. Брзата помош дошла и го згрижила девојчето, а малку подоцна и се слошило на уште едно девојче.
- Ве молам, може ли некој да ја земе девојката? Многу е топло - се пожали Пријовиќ, а обезбедувањето ја извади девојката од толпата.
Со брза реакција веднаш беа решени сите проблеми. Александра со себе има голема и сериозна екипа, која се грижи за секој детал, дури и кога ќе се случат вакви неочекувани моменти.
Фото:Фрипик