Колекцијата парфеми Starck - за мистриозни и несекојдневни жени

Добивај вести на Viber

Еден од „најплодните“  индустриски дизајнери на 20. и 21.век е Французинот Филип Старк, чие достигнување во дизајнот претставува еклектична мешавина на секојдневни предмети за домаќинство, осветлување и мебел. Неговиот потпис стои на познатата Victoria Ghost транспарентна столица, цедилката Juicy Saliff, т.н „метален пајак“ кој е за цедење лимон, Gun Table лампата во облик на пиштол/пушка, Masters Chairs се оние столици кои склопуваат 3 дизајни во едно...

Денес, Филип Старк е присутен и во светот на парфемите. Тој е креатор на Starck колекцијата на парфеми PEAU DE SOIE, PEAU DE PIERRE и PEAU D’AILLEUR. Ако се прашувате зошто и од каде е врската  - да се навратиме на детството на Старк.

Кога бил мало дете, неговата мајка имала парфимерија. Додека таа работела, тој си играл во магацинот. Детството го поминал опкружен со мириси на парфеми, креми и лосиони. Тие го „носеле “ во извонредни светови и нови територии. Тие емоции и чувства можат да се обликуваат единствено со нови мириси, овојпат оние кои Старк лично ги замислил со помош на „носевите“ со кои ја креира својата колекција.

Филип Старк веќе 40 години се бави со производство на предмети од сите величини и облици...но, постојано има чувство дека материјалите го ограничуваат, го фиксираат за земјата..Заради тоа се впушта во нов парфемски проект за да  им даде слобода на своите мисли. 

Суштината на парфемот е наука, хемија.. Токму затоа Старк е искрен кога вели дека не знае како да направи парфем,  но знае дека постојат извонредни луѓе кои знаат како да го сторат тоа - носевите, односно главните креатори на парфемите. 

За својата колекција, Старк ја бира Доминикеа Ропиона која го креира  Peau de Soie, Аник Менардо се потпишува на Peau d’Ailleurs, а Дафне Буге ја создава мирисната композиција Peau de Pierre.

Тоа се луѓето кои разбрале што точно сака Старк, луѓето кои ги виделе световите кои што тој ги посетил и кои умеат тоа да го претворат во мирисна приказна.Овие мајстори за парфеми се величенствени во својата работа и го усвојуваат новиот мирисен јазик. 

Кога стигнале до моментот како да се вика парфемот, Старк повторно се враќа во детството. Понекогаш, додека седел во парфимеријата на неговата мајка, тој продавал креми и парфеми на дамите кои доаѓале. Со оглед на тоа дека прво ги пробувал на својата кожа, често пати му се мешале мирисите на клиентите кои му останале врежани во сеќавањето. Од нив ја правел мирисната збирка.

Токму затоа, Peau de Soie го наменил за жените, но не за сите. Овој парфем е посветен на мистериозните жени, никако на оние кои се „продаваат“ во весниците.

Старк смета дека никој не може да тврди дека совршено ги разбира жените, бидејќи секоја од нив има мистериозна реалност.

Парфемот е изграден на парадоксот, на двосмисленоста: има женска наметка, но содржи машка компонента. 

Со парфемот Peau de Pierre, Старк сака да го направи истото, но за мажи. Машки парфем со женствени нијанси, но никако не е за мажите од кои немате мир, мажите кои се појавуваат од сите списанија и телевизиски реклами.

Со парфемот Peau d’Ailleurs Старк посакал тоа да биде парфем за кој никогаш никој не слушнал, непознат, никаде неименуван, парфем надвор од сите жанрови.