Колку пари има во бизнисот со продажба на очила за сонце

Пет компании доминираат на македонскиот пазар за очила за сонце. Меѓу сопствениците тројца мажи и две жени. Една компанија прави приход поголем од 1,5 милиони евра, а две се близу до еден милион евра и две прават повеќе од половина милион евра. Три од пет компании повеќе од 10 отсто од приходот останува како добивка

Очила за сонце - најпосакуваниот моден детаљ. Класични, модерни, темни, рефлетирачки, шарени, црни или во боја. Ги сака секој без исклучок и ги купува секој. Очилата за сонце се високо рангиран светски бизнис затоа што производителите имаат пазар што се мери во милијарди корисници. Ги има за секаков вкус и за сечиј џеб. Најпознати светски производители на очила за сонце кои воедно ги поседуваат или управуваат најпознатите брендови очила се: неодминливата „Луксотика“, „Марколин“, „Ејнар“ и „Сафило“. Тие произведуваат, контролираат, дистрибуирааат и продаваат над 70 отсто од очилата за сонце на светско ниво.

И Македонија не е исклучок од светските текови и модните трендови. Неколку домашни фирми ги застапуваат локално светските производители и продаваат очила за сонце. Анализата на „Фактор“ покажа дека во овој бизнис се вратат неколку милиони евра годишно.

Целото истражување го имате на ФАКТОР.МК