Колку пари прават водечките светски модни брендови на нашиот пазар?
Најголеми продавачи на нашиот пазар се Зара и ЛЦ Ваикики, а веднаш зад нив е Фешн Груп. Во најголемите се уште: Котон, Магнетик, Мавратех и македонската подружница на Њу Јоркер
Граѓаните на Македонија сакаат да се облекуваат убаво и уживаат во тоа. Верувале или не, лани најголемите увозници, дистрибутери и продавачи на мало на брендирана увозна облека во земјава (рангирани се компании со приходи од најмалку 3 милиони евра) направиле приход поголем од 80 милиони евра. Тоа значи дека, ние, љубители на брендирана и квалитетна облека од увоз лани од нашите семејни буџети сме одвоиле над 80 милиони евра за набавка на омилени парчиња облека. Од овој аспект Македонија, може е мал, но е далеку од слаб пазар за бреднирана увозна облека.
Да тргнеме со ред: најголеми ривали на македонскиот пазар за брендирана увозна облека се брендовите на ЛЦ Ваикики и на Зара.
Епитетот најголем продавач на бреднирана странска облека лани го има ЛЦ Ваикики Ретаил македонската подружница на турскиот гигант. Лани во нејзините продавници во земјава е направен приход вреден 29,7 милиони евра што е за 13 отсто подобар резултат односно поголем приход од 2018 година. Профитот на македонската подружница на „ЛЦ Ваикики магазиџилик хизметлери тиџарет аноним ширкети“ е 2,4 милиони евра што ланската година ја прави за 55 отсто поуспешна од 2018 година.
Целиот текст за најголемите продавачи на нашиот пазар прочитајте го на фактор.мк