Колку пушењето му штети на сетилото за вкус? - Готвач покажа колку дополнителна сол, шеќер и масло треба да се стави во јадењето за пушачите за можат да го почувствуваат вистинскиот вкус на храната

Со модифицирање на десет рецепти, кои беа наречени „Рецепти со помалку разум“, британскиот готвач Џош Кац дошол до заклучок дека во своите јадења морал да додаде во просек 67 гр сол, 41 гр маснотии и 18 гр шеќер за да можат неговите клиенти кои се пушачи да го почувствуваат вистинскиот вкус на храната како и непушачите. На овој начин се обидел да покаже до кој степен пушењето го оштетува сетилото за вкус.

Меѓу рецептите е и новогодишното пилешко на Џош со сос од лути пиперки пери-пери од Јужна Африка. За да го подготви ова вкусно и пикантно јадење за возрасен пушач, Џош додаде повеќе сол, повеќе шеќер, како и дополнителни количини чили и сок од лимон. Тоа беше единствениот начин на кој пушачите можеа да го почувствуваат вистинскиот вкус на храната што го чувствуваат непушачите.

Ова најдобро ја илустрира штетата што може да ја предизвика пушењето на сетилото за вкус. Освен што му штети на здравјето воопшто, чадот од тутун, кој содржи повеќе од шест илјади супстанции, ги иритира рецепторите за вкус, таканаречените сетилни пупки на јазикот. Во студијата за способноста да се разликуваат слатки, кисели, горчливи и солени вкусови во примерок од 450 испитаници спроведена во болницата Pitié-Salpêtrière APHP во Франција, беше откриено дека пушењето има најизразен негативен ефект врз разликување на горчливите вкусови, што инаку е силен вкус, дури и во мали дози. Непушачите можеа да го разликуваат, дури и во многу ниски концентрации.

ИМА АЛТЕРНАТИВА

Без разлика што другите ароми се помалку забележливи, на пушачите им е тешко да се откажат од вкусот на тутунот, кој до неодамна го имаше само во цигарите. Најдобар избор за секој возрасен пушач е целосно да ги остави тутунските производи, меѓутоа, сите оние кои од различни причини не сакаат да го сторат тоа, можат да се информираат за помалку штетни алтернативи без чад, како што се електронските цигари и уредите што го загреваат, наместо да го горат тутунот.

Со елиминирање на согорувањето, алтернативите засновани на наука не создаваат оган, пепел или чад од тутун кои се главните виновници за болестите поврзани со пушењето. Со нивно користење се ослободува аеросол кој помалку остава непријатни мириси на кожата, косата, рацете, мебелот или возилото во споредба со цигарите. Иако не се без ризик бидејќи ослободуваат никотин кој предизвикува зависност, алтернативите без чад се подобар избор отколку да продолжите да пушите.

ПР објава