Колку време коронавирусот продолжува да живее во телата на луѓето?

Кинеските експерти анализирале 191 лица дијагностицирани со коронавирус COVID-19


Кинеските експерти анализирале медицински досиеја и лабораториски тестови на 191 лица дијагностицирани со коронавирус COVID-19 во Вухан. Студијата исто така вклучувал и резултати од тест од 54 луѓе кои починале од инфекцијата.

Врз основа на овие анализи, експертите откриле колку долго коронавирусот продолжува да живее во човечкото тело.

Коронавирусот може да живее во човечкото тело 5 недели по инфекцијата, тврдат научниците од кинеската академија за медицински науки. Научниците открија дека коронавирусот е во состојба да остане во телото до 37 дена.

Очекуваниот животен век на коронавирусот во човечкото тело е голем, се вели во извештајот. Трагите од инфекцијата беа откриени на дишните патишта во рок од 4 недели во само една третина од заразените.

Според експертите, добиените податоци се важни за корекција на режимот на карантин и постапката за третман на заразени лица од коронавирус.

Запомнете, според препораките на Светската здравствена организација, периодот на изолација по инфекцијата со коронавирус треба да биде 14 дена.

Епидемијата на коронавирус започна кон крајот на декември 2019 година во Кина. Во средината на март, СЗО објави глобална пандемија на коронавирус
.

Извор: zdrave.to